Хуманитарна продажба на книги и уметнички дела денеска ќе се одржи во изложбениот салон на Центарот за култура, Григор Прличеев.

Продажбата е во рамките на социјално-хуманитарните активности на младите од Црвениот крст.

Собраните средства ќе бидат искористени за поттик, помош и поддршка на талентираните млади луѓе кои поради финансиски причини не можат да го развијат својот талент.