Под мотото СО ТОШЕ ВО СРЦАТА, СО ЉУБОВ КОН ДЕЦАТА во понеделник во Охрид ќе се одржи хуманитарен турнир во одбојка. Турнирот се организира во чест на роденденот на големиот хуманист и пејач Тоше Проески, чии што омилен спорт беше одбојката.


На натпреварите, чиj што организатор е охридскиот Црвен Крст, учество ќе земат екипи од основните и средните училишта од Охрид и Дебарца.


Дел од квалификационите натправри за турнирот се одиграа вчера, а денеска ќе се знае кои одбојкарските екипи од категориите на младина и подмладок,  во понеделник во 11 часот, во спортската сала Билјанини извори ќе го одиграат финалето во двете категории.

Предвидено е турнир да го отвори Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Ohridnews