Во пресрет на 8 годишнината од формирањето ,Младински Совет –  Охрид ја започна кампањата ” Следи го Сонцето”. Целта на кампањата е да се соберат средства за реализација на проекти од програмата што Младинснкиот Совет од Охрид ја подготви за 2008 година.


започна кампањата „Следи го сонцето“

Кампањата што ќе трае до 15 јануари следната година ќе се одвива на градскиот плоштад каде е поставена “Хуманитарната куќарка” . Предвидени се и повеќе културни настани во кои учество ќе земат децата од детската градинка Јасна Ристеска, членовите на танцовиот клуб Охрид, младински рок бендови и хорови од охридските училишта.

ohridnews
фото: Димче Грозданоски