Аукција на слики ќе се  одржи утре (4-ти мај) на пладне во во црквата Свети Ѓорѓија.  

 Акцијата е од хуманитарен карактер, а сликите кои се изработени од членовите на здружението на деца со посебни потреби “Свети Ѓорѓија“ ќе имаат можност да ги купат сите посетители. Аукцијата ќе се одржи  под покровителство на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
 
Собраните средства ќе бидат искористени за потребите на членовите на здружението на деца со посебни потреби “Свети Ѓорѓија“,а првенствено за нивна посета на гробот на Тоше Проески.

ohridnews