Голема хуманитарна акција за помош на старите лица  ќе се одржи во сабота 22 декември  во Охрид.

Организатори се Црвениот крст и „Cosmofon“, а средствата што ќе се соберат од акцијата ќе бидат наменети за за реконструкција на домовите за стари лица во земјава.

Мотото на акцијата е  “Да им помогнеме на старите лица”,а активностите ќе се одвиваат на градскиот плоштад. По тој повод Црвениот крст ги повикува сите хумани луѓе утре на пладне да дојдат на плоштадот и да  покажат малку внимание и почит кон старите лица.

ohridnews