„Милион срца една молитва“ е мотото на големата хуманитарна акција што  ќе се одржи денеска на градскиот плоштад во Охрид.  Организатори на хуманитарната акција се Советот на родители, учениците и наставниците при Основното Училиште “Кочо Рацин” од Охрид, а кампањата  е посветена на Тоше Проески.

Во хуманитарната акција ќе бидат вклучени повеќе претпријатија од општина Охрид, а паричните сретства собрани од продажбата и донациите ќе бидат наменети за изградба на манастирот “Св.Преображение” во Крушево.

Во хуманитарната акција како што информираат организаторите ќе бидат влучени и голем број претпријатија од Општина Охрид.

Исто така денеска Младински Совет-Охрид, ќе ја продолжи кампањата „Следи го сонцето“. која има за цел прибирање на финансиски средства за реализиција на програмата на оваа организација во 2008 година.

На плоштадот од вчера повторно е поставена донаторската куќарка и штатандовите со производи и донации на охрдските ученици од основните училишта „Св. Климент Охридски“, “Братство Единство“ и “Христо Узунов“. Поддршка на кампањата дадоа и хоровите од училиштата „Христо Узунов“, „Св. Климент Охридски“, како и хорот кој работи во склоп на гимназијата „Св. Климент Охридски“.


продолжува кампањата на Младинскиот Совет

Задоволни сме од досегашниот тек на кампањата, и им благодариме на граѓаните на Охрид кои ги посетуваат нашите штандови и со свои донации ги помагаат младинските програми. Но, изненадени сме од фактот што ,,познатите“, охридски фаци (лица кои се на видни функции, сопственици на познати фирми-бизнисмени и сл) вешто ги избегнуваат ваквите настани, велат од Младинскиот Совет.

ohridnews