Лајонс клубот „Десарети “ во соработка со младите членови на Лео клубот „Охрид “ денеска организираат еднодневна хуманитарна акција. Собраните средства ќе бидат наменети за осовременување на Центарот за дијабетес.
На неколку пунктови во големите маркети во градов, младите делат флаери, а се поставени и кутии во кои хуманите граѓани можат да донираат доброволни прилози.
Акцијата се спроведува пред маркетите „Топ“ на булеварот „Туристичка“, пред двата „Дон“, на „Јане Сандански “ и кај ОТЕКС, пред „Хит“ маркет, како и пред „Тинекс“ во трговскиот центар „Трудбеник“.
Ohridnews