Учениците во охридската гимназија ОСУ „Св. Климент Охридски“ по иницијатива и со помош на проф. по информатика Дарко Цветкоски, од старо направија ново т.е. многу стари компјутери ги претворија во нови.
Компјутерите ќе бидат донирани на оние на кои им се најмногу потребни како Новогодишни подароци. Ова е само прв дел од акцијата која ќе се спроведува во тек на целата 2024 година и во која секој ќе може да се вклучи донирајќи ИТ опрема која подоцна ќе биде средена и на крај донирана! Каков крај на старата година! Големо браво за учениците и за професорот!, велат од училиштето.
Воедно изразуваат желба за за уште поголем број вакви и слични акции.
OhridNews