Клубот за водени спортови Охридски Бранови во соработка со Јавното претпријатие Билјанини Извори и Црвениот крст од Охрид в недела со почеток во 11 часот ќе организираат ватерполо натпревари за ветерани со хуманитарен карактер.


На турнирот кој ќе се одржи на градскиот базен ќе учествуваат екипите на Вардар (Скопје), Охридски Бранови (Охрид) и Струга од Струга.

– Ги покануваме нашите сограѓани и гости, љубителите на ватерполото, повозрасните да се препуштат и ни дозволат да им ги разбрануваме спомените на времето кога во Охрид се играше ватерполо, а на младите да им иницираме интерес и љубов кон овој спорт. – велат организаторите.

Посетителите на овој спортски настан ќе можат да помогнат на населението погодено со поплавите во скопскиот регион, со донарање во собирните каси на Црвен крст Охрид поставени на влезот во пливачкиот комплекс.

OhridNews