Навивачите на Ливерпул од Охрид и регионот организираат хуманитарен собир за помош на настраданите во трагедијата во Кочани. На собирот  кој ќе се одржи на 11 мај со почеток од 12ч. во Ресторан Лихнидија (Lychnidia-Food zone), заеднички ќе се гледа натпреварот на новиот шампион на Премиер лигата Ливерпул  и Арсенал.

  • Битката за титулата е завршена, но ние водиме една друга битка како општество. На овој хуманитарен собир ќе се оддаде почит на оние кои ги несреќно ги загубија животите во трагедијата во Кочани и на сите држави кои ни излегоа во пресрет и несебично помогнаа. Поканети се сите ОЛСЦ бренчови од регионот и се надеваме дека ќе ни бидат гости во што поголем број. – пишуваат организаторите

OhridNews