Младинската екипа од Ракометниот клуб Охрид и женскиот ракометен клуб Лихнид в недела со почеток во 16 и 17 часот ќе одиграат мечеви во машка и женска конкуренција со Ракометниот клуб Филип Вардар од Прилеп со хуманитарен каратер.


Собраните финансиски средства од ракометниот хепенинг ќе се донираат на сметката од големиот борец и верен пријател на охридскиот спорт, Трајан Целески-Тачо.


Охриѓанецот моментално заздравува од операцијата во Италија и ќе му бидат потребни дополнителни средства за целосна рехабилитација.

OhridNews