На американската актерка Анџелина Џоли ќе и биде доделен специјален Оскар, Хуманитарната награда Џин Хершолд за нејзината работа во Високиот комесаријат при Обединетите Нации за бегалци. Џоли, која претходно добила Оскар за улогата во филмот „Неприлагодена“, наградата ќе ја добие на 16 ноември на свеченост во Лос Анџелес. Награди ќе добијат и Стив Мартин, Анџела Лансбери и костимографот Пјеро Тоси за свој допринос во филмот.

Оваа награда пред Анџелина Џоли ја добиле и ѕвездите филантропи Опра Хепберн, Пол Њумен и Елизабет Тејлор. Џоли, која на филм последен пат се појавила во „Турист“ во 2010 година, во кината ќе пристигне следниот јули со филмот “Maleficent”.