Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“, во кое членуваат голем број на иселеници од Охрид на 4-ти јули 2015 година ќе организра хуманитарен „Охридски Бал“ во Мелбурн, Австралија.
Како што информира претседателот на друштвото Васко Ангеловски, собраните средства од влезниците за балот ќе бидат наменети за хуманитарни цели односно за опремување на Геријатриското одделение при Општата Болница во Охрид.
Балот на кој се очекуваат повеќе од 500 гости, ќе биде одржан во ресторанската сала „Emerald Receptions“ што се наоѓа во населбата Thomastown. За забавата ќе биде задолжена реномираната музичка група „Соната“ и естрадните уметници Татјана Лазаревска и Новица Василевски, кои неодамна се преселија во Австралија. Организаторите подготвуваат и музичко изненадување за гостите.
Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн Австралија, повеќе три децении ги помага немоќните и социјално загрозените граѓани во Охрид и одржува силни врски со родниот крај. Минатата година ова здружение обезбедни донација за охридската болница.
OhridNews