ГКК Охрид продолжува со трет хуманитарен натпревар. По тринеделната пауза клубот се враќа назад на возбудливите натпревари од Првата кошаркарска лига.

Натпреварот ќе биде од хуманитарен карактер, а средствата од продадените карти ќе бидат издвоени за Леонид Индов кој води тешка животна битка и му е потребна помош. Дојдете и купете си карта која чини 100 денари со надеж да му помогнеме на еден млад човечки живот, велат од ГКК Охрид.

Натпреварот се игра во сабота, со почеток во 18 часот во  С.Ц „Билјанини Извори“.

OhridNews