Ракометарките ветеранки на Охрид веќе подолго време интензивно, но сепак рекреативно тренираат ракомет и тоа еднаш неделно со меѓусебно дружење,сеќавање на случки од времето кога активно се занимаваа со ракомет.


Понесени од овој прекрасен спорт се враќаат на терените и во недела 15.03.2015 година во 12.00 часот во спортската сала Билјанини Извори ќе одиграат хуманитерен ракометен натпревар со охридски ракометен клуб Моби Дик. Со овој хуманитарен натпревар се приклучуваат кон прославата на 70 години Црвен Крст Охрид.


Охридските ракометни ветеранки ги повикуваат сите љубители на ракометот и на спортот да дојдат во што поголем број и да бидат дел од несекојдневниот настан.


Влезници не се наплаќаат, хуманите охриѓани ќе донираат по сопствена желба во кутиите поставени на влезот од спортската сала.

Охридските ракометни ветеранки ги одмерија силите со Моби Дик.

Ohridnews