Хуманитарен настан со цел собирање на финансиски средства за лекување на нашиот млад сограѓанин Петар ќе се одржи во среда во организација на Црвен крст Охрид, со помош и поддршка на Никола Тодороски.Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Хируршката интервенција не може да се изведе во Македонија, поради тоа мора да се оперира во Турција и се потребни околу 50 илјади евра.

На настанот ќе биде изведено стенд ап шоу заедно со Никола Тодороски, Никола Братучед Сиљаноски, Јован Цветкоски и Илија Богданоски, а предвиден е и музички настап на Камелеон, ВИС „Билјана” и Urban Planet ft. Ana.

Картите ќе бидат пуштени во продажба од денес по цена од 200 денари. Истите може да се набават во Црвен крст Охрид (08:00 – 16:00), дел од охридските кафулиња, како и на влезот од НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, на денот на настанот.

Ги повикуваме сите граѓани да ја покажат својата хуманост и да му помогнеме на младиот Петар, велат организаторите.

Настанот ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19 часот.

OhridNews