Македонската пливачка легенда Томи Стефановски организира хуманитарен настан „Пливање за инклузија“ по повод 15-годишнината од препливување на каналот Ла Манш. Трасата за овој хуманитарен потфат за препливување во Охридското Езеро е во должина од 15 километри.

Стефановски ќе стартува во 10 часот и 30 минути од хотел Десарет во месноста Пештани, ќе плива до Црквата Св. Јован Канео и назад до Охридското пристаниште.

Стефановски ги повикува сите хумани луѓе да донираат за подигнување на свеста и за креирање подобри услови за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и физичкото образование.

– Заедно со Вас и вашата поддршка на многу деца и лица ќе им дадеме можност да ги достигнат личните потенцијали, да уживаат во благодетите од спортот, да имаат поисполнет живот и најважно од се, да се чувствуваат прифатени и сакани, вели Стефановски.

На 14 август 2009 година, Стефановски го преплива каналот Ла Манш по повод 50-годишниот јубилеј од првото препливување на каналот од страна на Македонецот Нико Нестор (1958) и 40- годишнината од препливување на првата Македонка, Атина Бојаџи (1969). Потфатот на Стефановски тогаш траеше цели 7 часа и 42 минути, резултат кој е 13-ти на вечната листа во 149-годишната историја на препливување на каналот.

Овој хуманитарен настан Стефановски го организира заедно со невладината организација ИТК Македонија – Скопје и Охридскиот пливачки маратон.

Сметка за донации:

ИТК Македонија – Скопје

Трансакциска Сметка: 500 00000 14054 60 / Банка: Стопанска Банка АД Битола

Адреса на Банка: Добривоје Радосављевиќ 21, 7000 Битола – МКД

ЕДБ: 4057022558931 / ЕМБС: 7568584

Девизна Сметка – Account Name: ITK Macedonia – Skopje

IBAN / Account Number: MK07500722000011951; BIV / SWIFT CODE: STBBMK22.

OhridNews