„INclusive Disco“ на 4 април, петок, организира хуманитарна забава „ОХРИД ЗА КОЧАНИ“. Дел од собраните средства ќе бидат донирани за помош на настраданите во пожарот во Кочани, информира менаџментот.

На хуманитарниот настан ќе настапат: Ѓоко Танески, Камелеон Бенд, Владо Броз & DJ Marama.

Уште еднаш, упатуваме искрено сочувство до настраданите во Кочани и нивните семејства. Воедно, изразуваме поддршка за повредените и им посакуваме брзо закрепнување. Кочани издржи … Македонија издржи!

Нашата мисија е да создадеме безбедни, сигурни и пријатни услови за сите посетители, нудејќи услуги и програми во чекор со светските и домашните трендови. Посветено ги почитуваме сите законски прописи, со цел да овозможиме најдобро искуство за нашите гости.

Ве покануваме да бидете дел од оваа хумана мисија!

„INclusive Disco“