Во понделеник на 17-ти август со почеток во 18 часот во ресторанот „Кај Стефан“ во село Оровник ќе се одржи хуманитарна настан за помош на едногодишниот Михаил Митрески.

На настанот ќе настапат Елена Велевска, Спасен Силјаноски, Спасе Матлиоски, Милован Секулоски, Владо Костоски, Симе Нелоски, Тота Бенд, Златко Јолакоски со група Чардак и други музичари од Охрид и Струга.

Влезниците чинат 100 денари, а собраните средства ќе бидат целосно донирани за лекувањето на малото детенце.

OhridNews