Клубот на млади при Црвен Крст – Охрид во рамките на активностите на ПХВ проектот утре од 15 часот организизира Хуманитарен кошаркарски турнир во спортската сала „Билјанини извори“. На турнирот ќе учествуваат екипи од основните и средните училишта од Охрид.
Оваа група млади хуманитарци преку овој проект имаат за цел да помогнат во уредување и реновирање на простор во Установата за малолетни престапници кој би добил мултимедијално – едукативен изглед. Со купена влезница од 100 ден ќе можете да допринесете оваа хуманитарна акција успешно да се реализира, велат од Црвен крст Охрид.
Инаку, ПХВ е програма за хумани вредности што се спроведува во изминативе 20 години и за цел има подигање на свеста, помагаье, намалување на дискриминација и одржување на екологијата, односно да дејствува на сите сфери во општеството.
Секоја година над 1000 младинци се обучуваат и излегуваат на терен за преку своите проекти да помогнат во решавањето на некој реален проблем во нивната заедница.
OhridNews