Во организација на првата амбасада за деца и младинци со оштетен вид, „ОКО“, а во соработка и поддршка на општина Охрид, во спортската арена “Билјанини извори“ вечерва во 21 ч. ќе се одржи голем хуманитарен концерт на кој ќе настапат познати имиња од македонската естрада.

Средствата од концерот ќе бидат наменети за набавка на учебници и помагала, како и за  друга помош на децата со оштетен вид.

Концертите ќе продолжат во сите градови во Македонија, а завршниот концерт ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Собраните средства и донации ќе бидат прикажани во документарниот филм што ќе го направи продуцентската куќа „Токсикологија“. Билетите за првиот концерт се со симболична цена од 100 денари и ќе може да се набават на самиот влез од арената „Билјанини извори“, како и на плоштадот во Охрид.

ohridnews