Во чест на роденденот на Тоше Проески, вечерва  во ноќниот клуб “Арена” младите волонтери на Црвен крст ќе организираат хуманитарна забава на која ќе се пејат песните од Тоше.

Средствата од билетите кои ќе се продаваат по цена од 60 денари ќе бидат наменети за помош на деца од општинава.

Активностите во чест на незаборавниот Тоше Проески  се одвиваат под мотото ” Со Тоше во срцата –  со љубов кон децата”.

Ohridnews