Под мотото „Образованието е одговорност на сите“ , големата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески, вечерва во 20 ч. на Градскиот стадион во Скопје ќе одржи хуманитарен концерт .
Хуманитарниот концерт на Тоше е дел од проектот за основно образование што е поддржан од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД.
Се очекува од концертот да бидат собрани над 100 илјади евра кои ќе бидат инвестирани во обновување на повеќе училишта во Македонија.
Мега-популарниот Тоше, е познат по хуманитарните концерти и е еден од ретките кој организира такви концерти секоја година.
ohridnews