Охридскиот хард-рок состав The Backdoor Band, утревечер, во Liquid Cafe ќе одржи хуманитарен концерт со цел да се соберат средства за помош на 23- годишен битолчанец кој боледува од тумор на синусите и му е неопходна итна хируршка интервенција.
– Сите знаеме какви ни се финансиските можности во Македонија. Ќе ве замолиме да одвоите малку од вашето скапоцено време и скромна сума од вашиот буџет за да му помогнеме на нашиот другар, порачуваат членовите на The Backdoor Band.
Цената на билетот за концертот е 100 денари.
OhridNews