Продолжуваат активностите по повод неделата на чествувањето на Св. Климент Охридски- летен.

Вечерва со почеток во 20 часот, на градскиот плоштад, ќе започне тричасовниот хуманитарен концерт насловен како “ Хумано срце за сите”.

Концертот е наменет за собирање финансиски средства на четири дечиња кои лекувањето треба да го продолжат во странство. Јане Велковски (2 години), боледува од спинална мускулна атрофија, Мартина Милошеска (6 години), од церебрална парализа, Кире Јованов (9 години), висок очен притисок и Марко Шиндиловски (9 месеци), комплексна срцева маана.

Учесници на концертот се познати имиња од македонската естрада: Силви бенд, Бени Шаќири, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Јоце Панов, Вики Среброва, Марјан Стојановски и други. Целта е да се соберат што повеќе финансиски средства преку уплати и донации, а за што следува алка со срценце на кое пишува „Хумано срце за сите”.

Организатор на концертот е Здружението за остварување на правата од областа на здравственото, социјалното и инвалидско осигурување.

Ohridnews