Утре во Event Venue „Деспина“ во Охрид ќе се одржи хуманитарен концерт „Сите за Бојана“ за помош на нашата сограѓанка Бојана Бонеска.
На настанот кој ќе почне во 13 часот ќе настапат: Камелеон, Ѓоко Танески, Urban Planet, Luger, No Fun, Backdoor Band, Балканикос, група Сарај, Dj Marama & Vlado Broz и ФА Отекс. Влезот е 200 денари, а сите собрани средства ќе бидат донирани за лекување на Бојана, информираат организаторите.
Охриѓани преку бројни акции се обидуваат да соберат средства, а за донации се отворени покрај жиро сметката и телефонски броеви преку мобилните оператори.
На Бојана пред девет месеци и е дијагностициран Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma. За нејзиното лечење потребни се 90 илјади евра.
OhridNews