Центар за култура „Григор Прличев“

Од 12.10.2019 - 19:30 до 12.10.2019 - 21:30

Под мотото „Направи добрина: Донирај НАДЕЖ за ЈАНА“, охриѓани викендов уште еднаш ќе застанат зад својата сограѓанка Јана Арсовска.

  • Охрид е хуман, Охрид може и знае како. Ве очекуваме на големиот хуманитарен концерт за помош на нашата Јана Арсовска. Заедно за Јана ќе пејат Фолтин, Владимир Четкар, Камелеон и Ѓоко Танески, порачуваат организаторите.

Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“, во сабота, на 12-ти октомври, со почеток во 19:30 часот. Влезниците по цена од 300 денари се продаваат во Music Shop ZZ Top, тезга „Аждер“ – Градска чаршија и на каса пред концертот.

Помош и’ е потребна на 33-годишната Јана Арсовска од Охрид, која веќе петта година се бори со редок вид на рак. Во 2015 година, на Јана ѝ беше дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.

Броеви за донирање од Македонија:
Т-Мобиле 143 143
А1 143 467

За донации преку жиро-сметка од Македонија:
5305-0001-0490-410, Охридска Банка

За хуманите луѓе надвор од Македонија: gofundme.com/hopeforjana

или преку жиро-сметка на:

IBAN:MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22