Гимназија „Св. Климент Охридски“

Од 26.04.2019 - 20:00 до 26.04.2019 - 22:00

Во организација на ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, во училишната спортска сала, на Велики Петок, 26 април, со почеток во 20 часот, ќе се одржи хуманитарен хепенинг за помош на Мартин Стојаноски на кого му се потребни финансиски средства за лекување во Москва, Русија. 22-годишниот голман и член на ФК „Лабуништа“ се здоби со тешки телесни повреди во страотна сообраќајна несреќа пред неколку месеци.

На хуманитарниот хепенинг ќе настапат диџеј Мартино и диџеј Пако.

Влез 100 денари.

Средствата кои ќе бидат собрани на настанот ќе бидат донирани на младиот Мартин.

Граѓаните можат да му помогнат на Мартин и преку донации на мобилните оператори: Телеком 143 107 и ВИП 143 462.

OhridNews