На иницијатива на Општина Охрид, во соработка со охридскиот Црвен крст и охридските уметници, во недела на 15 август со почеток од 20:00 часот ќе се одржи хуманитарен музички настан на малиот плоштад кај Долна Порта за помош на 12 годишното момче Јован Андреески.
На настанот ќе настапат бројни охридски уметници меѓу кои Ѓоко Танески, Le Trick, Камелеон, Никола Тодороски и други.
Охриѓани, да помогнеме Јован да има успешно лекување и да се избори со здобиената тешката повреда на вратниот пршлен. Да му помогнеме повторно да застане на нозе и да го продолжи детството како што заслужува секое дете, напиша на Фејсбук градоначалникот Константин Георгиески.
Сите хумани граѓани, компании, здруженија и организации кои сакаат да помогнат, тоа можат да го направат на телефонските броеви: A1 – 143 460, Телеком – 143 117, или да уплатат средства на:
Жиро сметка: 210 – 700000666623 НЛБ Банка (донации од Македонија)
Девизна жиро сметка: МК07210501751597434, SWIFT TUTNMK22 (донации од странство)
OhridNews