Младите од охридскиот Црвен крст во соработка со пекарите на територијата на Охрид и Дебарца денеска ќе реализираат хуманитарна акција под мотото „ДОРУЧКУВАЈТЕ СО НАС – РАЗБИЈТЕ ЈА ТИШИНАТА – ПОДАРЕТЕ СВЕТЛИНА”.
Акцијата ќе се одржи на платото кај Чинарот, околу градската фонтана, каде дваесеттина пекари ќе продаваат свои производи
Средствата собрани од акцијата, ќе бидат наменети за набавка на помагала за глуви, наглуви и слепи деца од Здружението на глуви и наглуви и Здружението на слепи лица од Охрид и Дебарца.