Во рамки на активностите на компанијата Синерга од Струга за помош на лицата со посебни потреби и нивно вклучување во општествените текови, цо сабота, 9-ти ноември во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ , ќе се одржи концерт со госпел – поп – рок музика изведувана од Данко Томаниќ и група Адонаи од Хрватска.
Концертот почнува во 19 часот.
Билети по цена од 50 денари можат да се купат во просториите на ПОРАКА НОВА или на влезот на Домот на култура на самиот ден на концертот.
Средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за потребите на Здружението Центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии ПОРАКА НОВА од Струга.
OhridNews