Во недела, 24 ноември, ФК Св. Троица ќе го одигра последниот натпревар од првиот дел од сезоната во третата МФЛ против ФК Преспа.

Овој натпревар има и хуманитарен карактер, бидејќи на него ќе биде поставена кутија за донации во поддршка на малата Теодора, наша сограѓанка која е во процес на лекување. Сите собрани средства ќе бидат наменети за нејзиното успешно закрепнување, информираат од ФК Св. Троица.

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот на вештачката трева во СРЦ Билјанини Извори.

OhridNews