Во организација на угостителските објекти „Кочва маала“, „Винска куќа“, „Дуќан“ и жителите на улицата „Гоце Делчев“ утре во Струга ќе се одржи втората хуманитарна манифестација „Фестивал на виното“.

Ќе учествуваат десетици реномирани винарии од Македонија и странство, а меѓу нив и дел од охридските винарии. Организаторите најавуваат и добра забава, а собраните средства ќе бидат донирани на лицата со оштетен вид.

Во пресрет на дочекот на Стара нова година ќе ги славиме виното, љубовта и новиот почеток што ни претстои. На фестивалот потврда за учество испратија реномирани винарии од Македонија, но и од странство. Освен добро вино и вкусна храна, ќе има богата музичка програма, информира организацискиот одбор.

Угостителските објекти и жителите на улицата „Гоце Делчев“ од Струга организираа и хуманитарна акција пред Нова година. Целта на таквите акции, според нив е, повторно економско и културно издигнување на улицата „Гоце Делчев“. И двете манифестации се поддржани од Општина Струга.

OhridNews