Охриѓани вечерва повторно ќе можат да ја покажат својата хуманост во битката за спас на малата Сара која боледува од апластична анемија. Во кафе бар Hemingway се организира хуманитарна забава со почеток во 21.00 часот, од која целиот промет од картите, кои ќе чинат 100 денари, и пијалоците ќе биде дониран за Сара, а исто така ќе биде поставена и кутија за донации.

Од „Hemingway“ ги повикуваат Охриѓани да дојдат на забавата и да се вклучат во хуманитарната мисија за спас на овој млад детски живот.

OhridNews