По успешно организираниот и реализиран хуманитарен концерт на Борис Трајанов со мандолинскиот оркестар од  Скопје, Црвен крст Охрид ги продолжува  активностите насочени кон поттикнување и развивање на хуманите вредности кај нашите сограѓани, преку културни настани.

Во таа насока, како израз на потребите на младите да ги искажуваат своите размислувања преку различни медиуми,  Клубот на млади на Црвен крст Охрид, со поддршка на Центарот за култура „Григор Прличев”, организира монодрама со наслов „МОРНИЧАВАТА ИСПОВЕД НА ЕДНА ЕГЕЈКА”, работена според текст од романот „НЕБЕСКА ТЕМЈАНОВНА” од Петре М. Андреески. Изборот на текстот го направија авторот Славе Ѓорѓо Димоски и Христина Цветаноска, која е и актерот во монодрамата, а режијата е на Анета Јованоска.

Деталите за овој настан ќе бидат сопштени денеска на прес конференција.