Младите од охридскиот Црвен крст  во соработка со пекарите на територијата на Охрид и Дебарца следниов викенд ќе реализира хуманитарна акција под мотото „ДОРУЧКУВАЈТЕ СО НАС – РАЗБИЈТЕ ЈА ТИШИНАТА – ПОДАРЕТЕ СВЕТЛИНА”.

Акцијата  ќе се одржи на 14.04.2007 (сабота) од 09:00 до :13:00 ч. на платото кај Чинарот, околу  градската фонтана, каде дваесеттина пекари ќе продаваат свои производи.

Средствата собрани од оваа акција ќе бидат наменети за набавка на помагала за глуви, наглуви  и слепи деца од Здружението на глуви и наглуви и Здружението на слепи лица од Охрид и Дебарца.