Акцијата беше поддржана и помогната од Мекдоналдс-Македонија кој обезбеди превоз на крводарителите од Скопје до Охрид.
Во текот на 2009 година, заклучно со месец окотмври, Црвен крст Охрид, во соработка со трансфузиолошките служби при Општата болница и болницата „Св.Еразмо“, има реализирано 2007 единици крв, односно планот за крводарителство за 2009 го има надминато за 11,5 %.
Следната крводарителска акција Црвен крст Охрид планира да ја организира на празникот на ослободуванјето на Охрид, 7 Ноември, на Градскиот плоштад.