Клубот „Арена“ беше претесен да ги прими сите што дојдоа на хуманитарната забава за помош на охриѓанецот Трајан Целески – Тачо (30), кој викендов мораше итно да замине на лекување во странство, бидејќи му се врати туморот на мозокот, кој тој еднаш го победи. На хуманитрарната забава во „Арена“ собрани се 1000 евра, обајави менаџментот на клубот.
Викендов во Охрид се одржаа бројни настани за поддршка на Тачо, а на него беше посветен натпреварот од Втората фудбалска лига помеѓу Охрид и Кадино, како и целокупниот приход од средбата.
Атмосферата на хуманитарната забава во Арена
За Трајан Целески – Тачо можете и да донирате на трансакциската сметка во Стопанска банка: 500600018999581.
OhridNews