за Дејан” е насловен хуманитарниот концерт кој ќе се одржи на 28-ми ноември во
Центарот за култура „Григор Прличев“. Концертот е дел од хуманитарната
акција, како одговор на апелот на родителите на седум и пол годишниот
Дејан Анѓелески.
Концертот го организираат младите музички и
естрадни таленти од Охрид, а средствата што ќе се соберат од продажбата
на влезниците, ќе бидат донирани за купување на нужните лекарства за
малиот Дејан, кој боледува од ретко генетско заболување.
За
Хуманитарниот концерт, кој започнува во 19 часот, сите 23 членови на Советот на општина Охрид, поединечно откупија по 5 карти, со што дадоа скромен придонес во хуманитарната акција за спас на младиот детски живот.