Претставници на Здружението на инвалиди на трудот Охрид – Охрид, на активот на жени при здружението и на Центарот за социјална работа, деновиве го посетија специјалниот завод во Демир Капија, каде донираа облека, обувки и постелнина. Во рамки на посетата тие оствариле средба со неколкумина штитеници од нашата општина кои се лекуваат во заводот.


Донацијата на специјалниот завод во Демир Капија е заеднички проект на Здружението на инвалиди на трудот Охрид од Охрид и Регионалниот центар за социјална работа, кој бил потпомогнат од локалната самоуправа.


На покана на активот на жени при Здружението на инвалиди на трудот од Гевгелија, делегацијата од Охрид присуствувала на заедничко дружење со членови на повеќе здруженија на инвалиди на трудот од земјава.

OhridNews