Претставници на активот на жени при Здружението на инвалиди на трудот, изминатиот викенд ја посетија душевната болница  во скопско Бардовци, каде што донираа помош во облека и обувки.

-Оваа активност е дел од програмата за работа. Во изминатите години се донираше во специјалниот Завод во Демир Капија, а ќе продолжиме и натаму да помагаме секаде каде што можеме, информираат од Здружението на инвалиди на трудот – Охрид.

Реализацијата на хуманитарната помош ја помогнаа Центарот за социјална работа и Локалната самоуправа.

OhridNews