Минувачите во центарот на Охрид, денеска, од 12 до 15 часот, на градскиот плоштад имаа можност да уживаат во настап на повеќе музичари од локалната сцена. Тие настапија во хуманитарни цели, за помош на младиот Тоше, кому му е потребна финансиска помош за лекување во странство.
На хуманитарниот настан настапија членовите на групите “Броз*,” Сарај”, Зарина”, многу индивидуални музичари и други.
Хуман гест на охридските музичари
OhridNews