Во организација на Билијард & бар „Taboo“ и „Ranch billiard club“ од Охрид, денеска во „Таboo“ се одржа хуманитарен турнир за помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
На хуманата иницијатива се одзваа 12 играчи кои средствата за учество ги динираа за поддршка на настраданите во страотниот пожар што на 16 март се случи во Кочани. Организаторите средствата ги уплатија на наменската сметка на Црвениот крст за помош на Кочани.
Резултатите и победниците денеска беа во втор план, а учесниците на хуманитарниот турнир одиграа интересни мечеви за што освен спортски заслужуваат секаков респект.
Хуманитарниот турнир што го организираа Билијард & бар „Taboo“ и „Ranch billiard club“ од Охрид, го помогна Билијард федерацијата на РС Македонија.
Г.М.