Охридската навивачка група „Рибари“ пријатно ги изненади децата во Здружението за глуви и наглуви лица од Охрид.

„Рибарите“ изминатиот период спроведоа хуманитарна акција, а со собраните средства обезбедени беа новогодишни пакетчиња кои им беа подарени на најмладите членови на Здружението за глуви и наглуви. На овој начин охридските навивачи уште еднаш ја покажаа хуманата страна од нивната приказна, како и многу пати оваа година, во која реализираа бројни акции за наши сограѓани на кои им е потребна помош.

Инаку, на синоќешната гала вечер во Куба либре на која беа промовирана Годшната ревија на настани и успешните приказни во градот во годината што изминува, навивачката група „Рибари“ и РК „Охрид“ го добија признанието за спортска приказна на годината.

OhridNews

Видео+фото: OhridNews ги додели признанијата за најуспешни приказни во 2018