Пилотот во Формула 1, Нико Хулкенберг смета дека транзицијата на возачот во Формула 2, Мик Шумахер во Формула 1 е неизбежна.

Mислам дека настапот на Мик во Формула 1 е прашање на време. Порано се тркав со Мајкл, а сега би сакал да се натпреварувам со неговиот син, изјави Хулкенберг.

Напредокот на Шумахер јуниор го следи и раководството на Ферари. Според Матијаја Биното, преминувањето во Ф1 во 2021 година ќе биде „логичен чекор“.

Почнувањето во мал Ф-1 тим ќе биде логичен чекор за Мик Шумахер во 2021 година, смета Биното.

Во исто време, поранешниот пилот на Ф1 и двократен победник на 24 часа на Ле Ман Јирки Јeрвилехто забележува дека германскиот возач сè уште не покажал извонредни резултати: „Несомнено, во моментот,

Роберт Шварцман е посилен. Шумахер има име, но тој допрва треба даго достигне нивото што луѓето го очекуваат“.

Во Формула 2 водат возачите на Академијата Ферари: Калум Илот ја зазема првата позиција, Шварцман – втората. Шумахер е со 42 бода зад лидерот и е на петтата позиција.

OhridNews