Американкиот кечер и актер Хулк Хоган поднел тужба против една болница на Флорида, обвинувајќи ја дека непотребно го оперирала во неколку наврати и така му ја уништила кариерата. Хоган од клиниката барал оштета од 50 милиони долари, а тужбата ја поднел под своето вистинско име Тери Болеа.
Во тужбата покрај непотребните операции, било наведено дека клиниката без одобрение и паричен надомест го користела неговото име за реклама. Во познатата клиника не биле достапни за коментар на овој настан.