Хулк Хоган повторно се жени. По лошиот развод од Линда, кој завршил по подолго време, ја запросил девојката Џенифер МекДаниел со која е во врска две години. Бракоразводната парница ја започнал во 2007 година.
Со поранешната сопруга меѓусебно се обвинувале за криење пари, дрогирање и други невкусни работи. Пред крајот на разводот Линда се смирила со Хулк и рекла дека војната е завршена и дека сеуште го сака Хоган бидејќи тој бил татко на нејзините деца. Линда наскоро ќе се омажи за многу помладо момче.