Поранешниот холандски топ модел Миранда Ријнбург и шпанскиот пејач Хулио Иглесиас беа во врска цели 20 години, а дури сега се одлучиле да го направат следниот чекор. Парот се венчал во црквата Вирџен дел Кармен која се наоѓа во Марбела, познатото собиралиште на светскиот џет сет.


Црквената церемонија ја воделе три свештеници, а дека парот се венчал открил токму еден од нив. На церемонијата биле само младенците, нивните пет деца и два сведоци. Хулио претходно бил во брак со Изабел Прејслер со која има три деца, меѓу кои и познатиот Енрике Иглесиас.