Профилот на претседателот на Венецуела на Твитер за кратко време станал најпопуларен во земјата, со повеќе од 250 илјади следбеници. Чавез неодамна изјавил дека бил приморан да ангажира повеќе од 200 луѓе да ги читаат бројните пораки кои ги прима преку популарната друштвена мрежа. Исто така навел и дека околу 18 проценти од пораките се со непријателски карактер, но и дека не се грижи поради тоа.


Некои луѓе мислат дека претседателот премногу време троши на Твитер и дека за тоа време подобро би било да се посвети на решавање на домашните проблеми во државата. Од отворањето на профилот, па се до денес, за нешто помалку од десет дена, претседателот добил повеќе од 50 илјади пораки.