Харизматичниот венецуелски претседател Хуго Чавез повторно го привлекол вниманието на јавноста со коментарите дека голфот е спорт со кој се занимаваат богатите луѓе. Сега има намера да ги затвори поголемиот број од терените во земјата. Од 2006 година кога започнала кампањата против голфот во Венецуела затворени се девет терени.


Фактот дека последните три американски претседатели, Клинтон, Буш и Обама се познати како личности кои редовно играат голф, уште повеќе придонесува во одлучноста на Чавез да му стави крај на овој спорт. Тој е познат по многуте слични кампањи чија цел е смалување на социјалните разлики во Венецуела.